Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2012

Копенхаген го отпушти тренерот

Aктуелниот дански шампион, Копенхаген, соопшти дека ја раскинува соработката со досегашниот тренер Роланд Нилсон.

Четириесет и осумгодишниот шведски стратег, минатата година на клупата го наследи Стале Солбакен со кого Копехаген успеа да стигне до осминафиналето во Лигата на шампионите. Норвежанецот замина во Келн, а Нилсон не успеа да ги повтори неговите успеси. Не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а во Лигата на Европа испадна уште во групната фаза.
Иако го остави Копенхаген на првото место во данскиот шампионат, слабите резултати во европските натпреварувања го чинеа отказ. Него на клупата ќе го замени десеашниот спортски директор Карстен Јенсен.

Најнови вести