Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2017

Дракслер најдобар фудбалер, Браво голман број еден

Репрезентативецот на Германија Јулијан Дракслер е прогласен за најдобар фудбалер на Купот на конфедерациите.

Германија со значително подмладен тим го победи Чиле во финалето со 1-0.
„Неверојатно. Ова беше жестока борба, а пред турнирот сите го исмеваа Купот на конфедерациите. Се боревме и ја заслуживме победата. Никогаш не сме играле во овој состав, победата е уште послатка поради тоа“, изјави капитенот на „панцирите“ и додаде:
„Секој трофеј е посебен, но овој состав го чини извонреден. За мене овој турнир беше посебен затоа што преземав нова улога. Сега конечно можеме на одмор и трофејот го носиме со нас“, заврши Дракслер.
Селекторот на Германија Јоаким Лев ја пофали својата екипа која прв пат во историјата го освои ова натпреварување.
„Ова е голема радост. Во овие три седмици забележавме одлични настапи, а денес се боревме до ркај. Момците беа сјајни и горд сум со нив. Вакво финале секогаш има нешто магично во себе. Доста играчи досега не играле финале и овој меч ќе го паметат цел живот. Секој фудбалер во нашата екипа ја поправи својата позиција и ние од тоа ќе имаме корист. Но, дома имаме уште добри играчи“, изјави Лев.
За најдобар стрелец е прогласен Тимо Вернер со три гола, а имаше и две асистенции, а за најдобар голман на Купот на конфедерациите беше избран чилеанскиот голман Клаудио Браво.

Најнови вести