05.12.2011 Лече му врачи отказ на Ди Франческо
Поради лошите резултати Лече го отпушти тренерот Еузебио Ди Франческо и за нов шеф на стручниот штаб го доведе Серсе Козми.
Лече во саботата на гостувањето кај Наполи, по деветти пат сезонава беше поразен и по тринаесет
кола се наоѓа на последното место на табелата, само со осум освоени бодови.
Ди Франческо е осмиот отпуштен тренер оваа сезона во Серија А. Пред него
отказ добија: Роберто Донадони и Масимо Фикаденти во Калјари, Синиша Михајловиќ
во Фиорентина, Марко Џампаоло во Чезена, Стефано Пиоли во Палермо, Пјерпаоло
Бизоли во Болоња и Џанпјеро Гасперини во Интер.
Козми, новиот тренер на Лече, претходно ги предводеше Перуџа, Џенова,
Удинезе, Бреша, Ливорно и Палермо.