Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2011

Дел Пјеро заврши во болница со осум конци на главата

Алесандро дел Пјеро, фудбалерот на Јувентус, доби осум конци на главата откако се судри со Марко Роси во натпреварот од италијанското фудбалско првенство против Чезена (кој Јуве го доби со 2-0).

„Газета дело спорт“ пренесува дека Дел Пјеро доби осум конци на главата поради удар што го доби во дуел со играч на Чезена по што преноќи во болница за да бидат сигурни лекарите дека нема да има никакви последици од силниот удар во главата.
Јувентус по победата над Чезена повторно е водечка екипа во лигата со 29 бодови, два повеќе од актуелниот шампион Милан, како и од Удинезе.

Најнови вести