Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2017

Дибала и Пјаниќ го одведоа Јувентус во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Јувентус го победија Милан со 2-1 (2-0) во Торино и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.

„Старата дама“ само по 20 минути од средбата имаше предност од два гола со погодоците на Пауло Дибала и Миралем Пјаниќ, а погодокот за „росонерите“ го постигна Бака во 53-тата минута.
Милан од 54-тата минута од натпреварот беше со играч помалку на теренот, бидејќи втор жолт картон заработи Локатели по прекршокот над Дибала.
Јувентус за финалето ќе се бори со Наполи, кој со минимален резултат ја совлада Фиорентина.
Дибала по центаршутот на Асамоа од левата страна беше прецизен од околу 15 метри. Асамоа беше фаулиран на работ на казнениот простор во 21-вата минута, слободниот удар го изведе Пјаниќ, а Донарума беше немоќен.
Неизвесноста во натпреварот ја врати Бака во 53-тата минута. Хедира сакаше да ја отстрани опасноста исфрлајќи ја топката, таа стигна до Бака, кој од волеј погоди за 2-1 и со тоа го постави конечниот резултат.

Најнови вести