Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2011

Јакини нов тренер на Сампдорија

Џузепе Јакини е нов тренер на Сампдорија, која ќе се обиде експресно да се врати во Серија А.

Четириесет и седумгодишниот тренер клупата на клубот од Џенова ја презема само по еден ден откако е сменет Џанлука Ацори, а договор потпиша до крајот на сезоната.

По испаѓањето во Серија Б, Сампдорија се најде во огромни проблеми. По одиграни петнаесет првенствени натпревари се наоѓа на седмото место на табелата, со дванаесет бода помалку од лидерот Торино.

Јакини е тренерот кој на крајот од сезоната 2009/10 ја внесе Бреша во првата лига, а претходно седеше на клупата и на Киево и Чезена.

Најнови вести