Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2011

Магат ги исфрли Кирјакос и Полак од екипата

Феликс Магат, тренерот на Волфсбург, одлучи да ги исфрли од тимот Гркот Сотирис Кирјакос и Полјакот Јан Полак на неодредено време.

Германецот не даде објаснување за ваквата одлука, а се шпекулира дека сето тоа го сторил поради лошата форма на двата фудбалери. Волфсбург во летниот преоден рок вложи многу финансии за да може на крајот на ова сезона да избори настап во некое од двете европски натпреварувања. Во моментов „волците“ се наоѓаат на тринаесеттото место на табелата, со петнаесет бода помалку од лидерот Баерн Минхен.

Магат во 2009 година го предводеше овој клуб до титулата во Германија, а повторно е вратен во клубот за да го донесе на старите патеки.

Најнови вести