Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2016

Кавани: Нема притисок поради заминувањето на Ибрахимовиќ

Напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани изјави дека не чувствува притисок по заминувањето на Златан Ибрахимовиќ.

Уругваецот постигна 81 гол на 148 натпревари за Парижаните, но дури сега ќе добие повеќе простор како главен напаѓач во тимот од „Парк на принцовите“.
Кавани во минатите три години главно играше на крилните позиции бидејќи центарфор беше Ибрахимовиќ, кој по истекот на договорот ова лето го напушти ПСЖ.
„Притисок? Секој играч има свој начин и не чувствувам притисок. Тоа е личен предизвик за мене, да дадам повеќе од себе, да освојувам титули, да постигнувам голови и да ги оправдам очекувањата на тимот. Тоа е спротивно од притисок, бидејќи за мене е чест да бидам напаѓач на ПСЖ“, изјави Кавани за „Екип“.
Уругвајскиот напаѓач во текот на кариерата настапуваше за Данубио, Палермо и Наполи, а со ПСЖ освои по три титули во Лига купот, по два Купа и Суперкупот на Франција.

Најнови вести