Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2016

Милијардерите играат за полуфинале и за историја

Манчестер сити следната година најверојатно ќе биде во квалификациите за Лигата на шампионите, нормално доколку не го освои трофејот оваа година бидејќи играњето во Премиер лигата во целост го стави во втор план што им донесе историски пласман меѓу осумте најдобри, а сега сакаат уште подалеку.

„Не мислам дека некој е фаворит... Отидовме во Париз да се обидеме да победиме и сега ќе се обидеме да го сториме истото. Дали треба да играме на 0-0? Тоа не е начин, најважно е да постигнеме гол. Што се однесува до повредените играчи, Компани не е 100% подготвен и нема да може да игра, но затоа Серхио Агуеро е спремен“, изјави менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини.
Од друга страна пак ПСЖ уште во февруари стана повторно шампион на Франција, па можеше да се концентрира само на она што го чека во елитното натпреварување. Сепак, тоа може и не е толку идеално сценарио колку што се чини, бидејќи недостигот на силните и конкурентин натпревари си го сторија своето, што можеше да се забележи во првиот дуел на „Паркот на принцовите“.
„Постигнавме два гола и утнавме пенал, а тоа не лошо, но ме нервираат головите кои ги примивме. Ќе биде тежок натпревар. Луѓето се секогаш изненадени кога тој ќе пропушти шанса. Тоа се случува во кариерата, и во натпреварот. За негова несреќа тоа се случи на првиот натпревар, но тој го постигна нашиот прв гол. Ибрахимовиќ е многу вреден и ќе сака нешто да докаже“, изјави тренерот на ПСЖ, Лоран Блан, кој може да смета на сите свои играчи, освен на суспендираниот Давид Луиз и Блез Матуиди, вклучувајќи го и оздравениот Марко Верати.

Најнови вести