Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2015

Навивачите го избркаа Бартон

Џои Бартон нема да потпише за Вест хем по протестите на навивачите на „чеканите“, потврди претседателот на клубот Дејвид Голд.

Бартон како слободен играч требаше да прејде од Квинс парк ренџерс во Вест хем, но навивачите го критикуваа на социјалните мрежи поради неговото минато на теренот и надвор од него.
Голд на „твитер“ потврди дека нема да дојде до договор, а Бартон истакна дека не се лути на челниците на Вест хем.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Вест хем кои ми пратија многу пријатни пораки на социјалните мрежи, а особено на ’твитер’. Очигледно, со карактер како мојот, има двајца или тројца кои не се толку љубезни. Почувствував дека Вест хем би бил добар клуб за мене. И покрај неколку стандардни играчи, верувам дека би можел нешто да му понудам на тимот. Ова е возбудливо време за навивачите на Вест хем и сакам да ви посакам сè најдобро во иднина. Нема лутење“, порача Бартон.
Бартон во текот на кариерата имаше проблеми со своето однесување, често добиваше жолти и црвени картони, се судираше со соиграчите и противничките фудбалери и имаше проблеми со алкохолот.

Најнови вести