Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2015

Џои Бартон се договорил со Вест хем

Екс-фудбалерот на Квинс парк ренџерс, Џои Бартон, ќе потпише договор со Вест хем, пренесоа англиските медиуми.

Бартон го напушти Квинс парк ренџерс во јуни кога клубот го загуби премиерлигашкиот статус.
Поранешниот фудбалер на Њукасл и Манчестер сити денеска треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и да го потпише договорот со Вест хем.
Британските медиуми претходно шпекулираа дека триесет и двегодишниот Бартон ќе прејде во Астон вила.
Во текот на кариерата фудбалерот од средината на теренот имаше проблеми со однесувањето, често добиваше жолти и црвени картони, се судираше со соиграчите и противничките фудбалери имаше проблеми со алкохолот.
Претседателот на Вест хем, Дејвид Голд, пред две години го критикуваше Бартон и изјави: „Фудбалерот има проблеми и потребна му е помош“.
За младата англиска репрезентација има два натпревари и еден постигнат гол, а за „А“ тимот има играно само на една средба.

Најнови вести