Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2015

Фишер го замени Соуза во Базел

Швајцарецот Урс Фишер е нов тренер на Базел, на местото на Португалецот Пауло Соуза, кој во средата го напушти клубот и се очекува да ќе ја преземе Фиорентина.

Фишер го доведе Тун до четвртото место во финишот на швајцарската лига во изминатата сезона, а во кариерата го тренираше и Цирих.
Четириесет и деветгодишниот Швајцарец стана петти тренер на Базел во шест сезони, откако заврши десетгодишниот ангажман на Кристијан Грос.
Сите четворица претходници на Фишер го доведоа Базел до шампионската титула на Швајцарија.
Фишер ќе го води Базел во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести