Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2015

Ерера: Порто го сака финалето на Лигата на шампионите

Ектор Ерера, фудбалерот на Порто, изјави дека тимот има цел оваа сезона да стигне до финалето на Лигата на шампионите.

Порто вчера, во реванш-натпреварот од осминафиналето го победи Базел со 4-0 и со вкупно 5-1 се пласира во четврт-финалето.
На португалскиот гигант тоа му е прво четврт-финале во Лигата на шампионите од 2009 година, кога беше елиминиран од Манчестер јунајтед.
„Остваривме прекрасна цел, многу е важно за играчите и за овој клуб што се меѓу осумте најдобри во Европа. Мораме да продолжиме да работиме ако сакаме да останеме во ова натпреварување. Не мислиме само на четврт-финалето, сакаме да одиме до финалето“, изјави Ерера.
Тој додаде дека почетокот бил многу важен.
„Почнавме силно и концентрирано. Добро работевме во изминатиот период“, додаде Ерера.

Најнови вести