Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2015

Лига на шампиони: Предност за Салцбург, Базел, Селтик

Фудбалерите на Салцбург и Базел стекнаа два, а Селтик еден гол предност во првите натпревари од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Салцбург во второто полувреме го надигра Малме со 2-0, додека Базел во завршницата беше подобар од Лех со 3-1 во Полска.
Селтик во финишот на средбата успеа да стигне до минимална победа над Карабаг, додека Ајакс испушти предност од два гола во Виена, Рапид се избори за 2-2. Без голови одиграа само Хелсинки и Астана во Хелсинки.
Ајакс по првите 45 минути во Виена имаше практично решен двомеч со Рапид, но холандскиот тим успеа да ја испушти предноста од два гола.
Селтик повторно се намачи со ривал од поранешниот СССР. Во Глазгов и понатаму го паметат патењето од двомечот со Шахтер од Караганди и тесната победа над Казахстанците.
Исто така, големи проблеми им зададе и азербејџанскиот Карабаг, кој одлично им парираше на Шкотите до самата завршница на натпреварот, а на осум минути пред крајот Дерик Бојат му донесе олеснување на Селтик пред реванш-средбата.
Српскиот претставник Партизан ремизираше со Стеауа во Романија со 1-1. Реванш-натпреварите се за седум дена.

Лига на шампиони, трето коло од квалификациите:
Салцбург – Малме 2-0 (0-0)
Стеауа – Партизан 1-1 (0-0)
Селтик – Карабаг 1-1 (0-0)
Лех – Базел 1-3 (1-1)
Рапид Виена – Ајакс 2-2 (0-2)
Хелсинки – Астана 0-0

Најнови вести