Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2015

Арсенал го договори првото засилување

Лондонскиот клуб Арсенал ќе го оствари првото јануарско засилување со ангажманот на Мохамед ел Нени од Базел.

Диа Ел Сајед, некогашниот помошен тренер на репрезентацијата на Египет напиша на „твитер“ дека Ел Нени со Арсенал ги договорил сите услови и дека ќе потпише договор на четири и пол години.
23 годишниот египетски фудбалер е тип на играч како Матје Фламини и Микел Артета, ветерани кои ова лето најверојатно ќе го напуштат „Емирати стадионот“.
Се шпекулира дека Венгер на Базел му платил пет милиони фунти.

Најнови вести