Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2016

Венгер потврди, Елнени ја доби работната дозвола

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека Мохамед Елнени до крајот на седмицата ќе ја добие британската работна дозвола и ќе го потпише договорот.

Арсенал и Базел порано го договорија трансферот на египетскиот играч од средниот ред во вредност од седум милиони фунти.
„Визата и работната дозвола го одложуваат трансферот, но би требало сè да се заврши до крајот на оваа седмица“, изјави Венгер на конференцијата за медиумите пред натпреварот со Ливерпул во Премиер лигата.
Венгер со нетрпение го чека Елнени бидејќи на таа позиција се повредени Џек Вилшер, Франсис Коклен и Санти Казорла.
Елнени имаше проблем околу работната дозвола бидејќи репрезентацијата на Египет се наоѓа над 50-тото место на ранг листата на ФИФА, но на крајот сè ќе се заврши добро за Арсенал и за фудбалерот од Египет.
Овој 23-годишен фудбалер три години играше за Базел, додека за националниот тим настапи на 39 натпревари.

Најнови вести