Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2015

Лига на Европа: Поразени Фиорентина, Базел и Тотенхем

Фудбалерите на Лацио го совладаа Розенборг со 3-1 во третото коло на групата Г од Лигата на Европа и со тоа направија чекор кон пласман во шеснаесетфиналето.

„Небесно-сините“ сега имаат седум бодови, а по победата на Сент Етјен со 1-0 на гостувањето кај Днипро, тие два тима имаат по четири бодови. Одлучувачкиот гол го постигна Хамум во 44-тата минута.
Лацио на полувремето водеше со голот на Матри, предноста ја дуплираше Андерсон во 54-тата минута, но Сондерлунд им донесе надеж на гостите од Норвешка. Но, во 80-тата минута Кандрева ја поправи својата грешка по непогодениот пенал и го реши прашањето за победник.
Тоа беше една од ретките групи каде што сè помина повеќе или помалку според очекувањата, а две изненадувања видовме и во групата И, Белененсеш го доби Базел со 2-1 по пресвртот, а Куча го даде одлучувачкиот погодок. Со тој резултат Лех ја совлада Фиорентина во гости.
Ситуацијата во таа група сега е прилично замрсена – Базел има шест бодови, Белененсеш и Лех по четири, а Фиорентина три бода.
Во групата Х, Локомотива и Бешикташ ремизираа 1-1, а на Турците со прецизен удар бод им донесе Марио Гомес. Ремито во Москва му овозможи на Спортинг да се врати во игра. Тимот од Лисабон го декласираше Скендербег со 5-1. На полувремето беше 2-0 со головите на Аквилани и Монтера, двата од пенал, а до крајот домаќините ѝ нанесоа убедлив пораз на албанската екипа со двата гола на Переира.
Монако со погодокот на Траоре го совлада Карабаг, а Андерлехт оствари триумф над Тотенхем со 2-1 – поведе англискиот тим преку Ериксен, но пресврт направија Жил и Окака.
Во дербито на групата К, Шалке поведе против Спарта, тимот од Прага направи пресврт, но вреден бод на Германците им донесе Сане во 73-тата минута. Во другиот натпревар од групата АПОЕЛ беше подобар од Астерас со 2-1.

Најнови вести