Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2015

Лига на Европа: Марковиќ суспендиран на четири натпревари

Лазар Марковиќ, српскиот репрезентативец и фудбалер на Ливерпул, е суспендиран на четири натпревари во европските натпреварувања поради црвениот картон што го доби на средбата против Базел во Лигата на шампионите.

По најавите дека Марковиќ би можело да биде премногу строго казнет, информацијата за суспензијата ја потврди УЕФА, која ја објави листата на казнетите.
Марковиќ на деветти декември минатата година беше исклучен на дуелот меѓу Ливерпул и Базел поради наводно удирање на Бехранг Сафари во 60-тата минута, само по 15 минути откако влезе на теренот од клупата.
Тој доби директен црвен картон по театралниот пад на Иранецот, а Базел подоцна избори реми и го елиминира англискиот претставник.
Жалби кај УЕФА може да се упатат единствено ако е погрешен идентитетот на казнетиот, така што „црвените“ се беспомошни во обидот да ја намалат казната која се пренесува во Лигата на Европа.
Марковиќ дефинитивно ќе го пропушти двомечот од шеснаесетфиналето против Бешикташ, како и евентуалниот дуел во наредната фаза.
Менаџерот Брендан Роџерс ќе има големи проблеми со составувањето на тимот, бидејќи за натпреварот со турскиот претставник поради повреда нема да конкурираат: Лукас Леива, Стивен Џерард и Рахим Стерлинг.

Најнови вести