Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2014

Галатасарај, Борусија Дортмунд и Базел под истрага на УЕФА

Европската фудбалска унија поведе дисциплинска постапка против Галатасарај, Борусија Дортмунд и Базел поради однесувањето на нивните навивачи на натпреварите од Лигата на шампионите.

УЕФА објави дека фановите на трите клуба бие вмешани во серија инциденти и фрлање на запалени факели и предмети на теренот за време на натпреварите во средата.
Одлука за сите три случаи ќе биде донесена на 16 октомври на заседавањето на дисциплинската комисија на УЕФА, а евентуалните казни ќе бидат изречени пред натпреварите на клубовите од следното коло.
Навивачите на Галатасарај фрлаа факели на теренот за време на мечот со Арсенал во Лондон на кој нивниот тим беше поразен со 4-1.
Правилата на УЕФА налагаат дека домаќинот е одговорен за безбедноста на стадионот, па затоа и Арсенал е обвинет за лоша организација.
И Борусија Дортмунд се соочува со слично обвинение како Галатасарај затоа што нејзините навивачи палеа факели за време на победата на гости против Андерлехт од 3-0.
Базел е обвинет за фрлање предмети на терен од страна на неговите фанови за време на победата над Ливерпул од 1-0. Швајцарскиот шампион веќе има двегодишна условна казна поради однесувањето на неговите навивачи во Лигата на Европа минатата сезона.

Најнови вести