Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2015

Пауло Соуза нов тренер на Фиорентина

Португалскиот тренер Пауло Соуза официјално ја презеде италијанската Фиорентина, соопшти тој фудбалски клуб.

Четириесет и четиригодишниот Соуза неодамна договорно ја раскина соработката со швајцарскиот Базел за да го преземе италијанскиот клуб.
„Некои навивачи на мене веројатно се сеќаваат од Јувентус, но сакам да ме запаметат поради добрата работа во Фиренца“, изјави Португалецот.
Соуза во текот на тренерската кариера водеше неколку англиски клубови, унгарскиот Видеотон, како и израелскиот Макаби.
Тој како играч настапуваше за: Бенфика, Јувентус, Борусија Дортмунд, Интер, Парма, Панатинаикос и Еспањол.
За репрезентацијата на Португалија настапи 52 пати.

Најнови вести