Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2014

Ливерпул без Стариџ во Базел

Даниел Стариџ, напаѓачот на Ливерпул, ќе го пропушти гостувањето на англискиот тим кај Базел во второто коло на Лигата на шампионите.

Стариџ го повреди задниот дел на бутниот мускул кога на почетокот на месецот настапуваше за репрезентацијата. Брендан Роџерс очекуваше да биде подготвен за Базел, но тој не отпатува во Швајцарија.
Овој 25-годишен центарфор само што почна да работи со полн интензитет на тренинзите. Би требало да биде подготвен за дуелот со Вест Бромич во сабота, во Премиер лигата, на „Енфилд“. Оваа сезона одигра само три натпревари и даде еден гол за „црвените“.
Роџерс во Базел не го поведе ниту стоперот Мамаду Сако, кој незадоволен од фактот дека нема да игра против Евертон минатиот викенд, го напушти „Енфилд“ пред почетокот на дербито на Мерсисајд.
Французинот се извини поради тој потег, но очигледно е дека сега ќе биде во немилост кај менаџерот Роџерс.
Ливерпул во првото коло од Лигата на шампионите со многу среќа го совлада Лудогорец со 2-1, додека Базел доживеа дебакл од Реал Мадрид со 5-1.
Натпреварот на „Сент Јакоб“ се игра утре од 20.45 часот.

Најнови вести