Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2015

Мартинез: Ја остваривме целта

Џексон Мартинез, напаѓачот на Порто, изјави дека е задоволен од резултатот на гостувањето во Базел, во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Порто губеше до самата завршница на натпреварот на „Сент Јакоб“, но со голот од пенал сепак избори 1-1 пред реваншот на „Драгао“.
„Тежок натпревар, посебно во првото полувреме. Резултатот нè става во добра позиција. Ја исполнивме целта за оваа средба, но има уште 90 минути за играње. Мораме да бидеме концентрирани, но имаме време да се подготвиме“, изјави Мартинез.
Базел поведе по одличната комбинација од Фабијан Фрај и Дерлис Гонзалез во 11-тата минута, но 11 минути пред крајот на натпреварот Данило реализираше пеналот кој поради играње со рака го направи искусниот Валтер Самуел.
Реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите се игра за две седмици во Порто.

Најнови вести