Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2014

Илјадити гол на Реал во Европа

Кралскиот клуб во првото коло од Лигата на шампионите убедливо го совлада Базел со 5-1, а петтиот, односно илјадитиот гол за својата екипа го постигна Карим Бензема.

Французинот по одличната акција со Роналдо, ја испрати топката во голот во 79-тата минута од средбата.
Претходно Реал поведе со автоголот на Суши, Бејл, Роналдо и Родригез зголемија на 4-0, а гостите преку Гонзалес намалија на 4-1 пред „илјадарката“ на Бензема. 
Реал фуриозно ја почна одбраната на титулата во Лигата на шампионите, а во наредното коло ќе игра со Лудогорец во Бугарија кој вчера несреќно загуби на гостувањето на „Енфилд“ од Ливерпул со 2-1.


Најнови вести