Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2014

Валтер Самуел една година во Базел

Валтер Самуел, некогашниот аргентински репрезентативец и неодамнешен играч на Интер, потпиша едногодишен договор со шампионот на Швајцарија, Базел.

Самуел, кој по завршувањето на сезоната со Интер, ја одби понудата на Сампдорија, реши да се обиде во шампионот на Швајцарија.
„За Базел потпиша Валтер Самуел, искусен играч и голема личност. Овој трансфер уште еднаш покажува колку е атрактивен клубот Базел, како и швајцарската лига“, изјави Берхард Хелсер, претседателот на Базел.
Самуел, кој последните девет сезони настапуваше за Интер, изјави дека е многу среќен и дека се радува на новите предизвици.
„Многу сум среќен и се радувам на новата авантура и предизвиците кои ги нуди Базел“, изјави Самуел.
Покрај Интер, Самуел настапуваше за: Њуелс олд бојс, Бока јуниорс, Рома и Реал Мадрид.
За репрезентацијата на Аргентина настапуваше во периодот од 1999 до 2000 година, за која одигра 56 натпревари и постигна пет голови.

Најнови вести