Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2014

Реја го напушти Лацио, Манчини нов тренер?

Едоардо Реја, тренерот на фудбалерите на Лацио, изјави дека ова лето ќе го напушти клубот од Рим.

Реја во Лацио дојде пред пет месеци како замена за Владимир Петковиќ, но очигледно не ја оправда довербата на управата.
„Мојот циклус е завршен, Лацио има право да го промени тренерот. Игравме добро во последно време, но не успеавме да избориме пласман во Лигата на Европа. Тоа значајно би ја сменило ситуацијата кога е во прашање доведувањето играчи. Покрај тоа, клубот добро функционира на пазарот“, изјави Реја за италијанските медиуми.
Реја беше тренер на Лацио од 2010 до 2012 година, а во текот на кариерата ги водеше: Пескара, Верона, Болоња, Лече, Бреша, Торино, Виченца, Џенова, Катанија, Калјари, Наполи и Хајдук од Сплит.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, нов тренер на Лацио би можело да биде Роберто Манчини, кој вчера договорно ја раскина соработката со турскиот Галатасарај.

Најнови вести