Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2013

Меклиш го напушти Нотингам форест

Поранешниот европски шампион има сериозен проблем – Алекс Меклиш го напушти Нотингам форест само по 41 ден на клупата.

Меклиш, кој беше доведен во тимот кој го напаѓа плејофот во Шампионат лигата, на седум натпревари избори само една победа, а си замина бесен поради слабиот учинок на екипата во преодниот рок.
„Постоеја разлики во разбирањето на развојните стратегии во фудбалскиот клуб и двете страни почувствуваа дека е најдобро да се разделиме“, изјави Меклиш.
Капката која ја прели чашата се случи во текот на викендот, кога Нотингам форест беше поразен во Бирмингам, а двата гола ги даде Крис Барк, играчот кој Меклиш очајно сакаше да го доведе во јануари, и кого всушност тој го доведе во Бирмингам.
„Разочаран сум, баш како и Алекс, бидејќи нашата соработка не успеа како што се надевавме. Сакам да му се заблагодарам за сè што направи за нашиот клуб и да му посакам среќа во понатамошната кариера“, рече претседателот на клубот Фаваз Ал-Хасави.
Меклиш ги водеше Хибернијан и Ренџерс со голем успех, пред да ја преземе на кратко селекцијата на Шкотска. Поранешната ѕвезда на Абердин во Англија ги водеше Бирмингам и Астон вила, каде што по неколку успешни сезони, потоа мина низ две трауматични.
И пред тоа Форест имаше проблеми со менаџерите – мината година го водеа поранешните селектори на Англија, Стив Мекларен и Стив Котерил, во новата го воведе Шон О’Дрискол, а наследникот на Меклиш ќе биде пети менаџер на клубот за период од 16 месеци.
Нотингам форест моментно се наоѓа на 11-тото место, со шест бодови помалку од зоната на плејофот.

Најнови вести