Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2012

Астон вила казни тројца свои фудбалери

Тројца играча на Астон вила се казнети поради инцидентот што се случи непосредно пред најважните натпревари сезонава. Станува збор за дефанзивниот играч Џејмс Колинс и играчите за врска Фабијан Делф и Крис Херд.

Сето ова се случило во понеделникот, пет дена пред премиерлигашкиот дуел со Тотенхем на „Вила парк“, а тројцата играчи се одлучиле за луда ноќ во Бирмингам. Ноќта тие заминале во некој клуб, каде што под дејство на алкохол предизвикале неколку инциденти, а на крајот Херд и Делф ги исфрлиле од клубот, а Колинс се обидел да се пресмета со обезбедувањето.
Од Астон вила, која на две кола пред крајот на сезоната се наоѓа само на три бодови над зоната за испаѓање, објавија дека тројката е казнета парично и дека тие пари ќе бидат донирани во добротворни цели.

Најнови вести