Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2018

Вулверхемптон се врати во Премиер лигата по шест години

Фудбалерите на Вулверхемптон се изборија за враќање во Премиер лигата по шестгодишното отсуство.

„Волците“ нивното место во елитниот англиски фудбалски ранг го заверија благодарение на ремито (1-1) на Фулам со Брентфорд, а го прославија со победата над Бирмингам со 2-0.
Погодоците на Жота и Афобе ги израдуваа 29.500-те навивачи на „Молињу“ вчера попладне.
Вулверхемптон победи на 29 од 42 натпревари во Шампионат лигата оваа сезона, а тимот на Нуну Ешпириту Санту е на бод од освојување на втората англиска лига.
За второто место, кое исто така води директно во Премиер лигата, се борат Кардиф и Фулам. Велшаните имаат бод повеќе од Фулам, но лондонскиот клуб има натпревар помалку.
Фулам во петок ќе гостува кај Милвол, кој се бори за место во баражот за пласман во Премиер лигата, додека еден ден подоцна Кардиф ќе го дочека Нотингам форест, кој релативно е безбеден на 17-тата позиција.

Најнови вести