Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2012

Астон вила му врачи отказ на Меклиш

На состанокот на челниците на Астон вила беше одлучено да му се врачи отказ на тренерот Алекс Меклиш поради катастрофалните резултати во сезоната во која клубот едвај успеа да го избегне опстанокот во Премиер лигата и неатрактивниот стил на игра што го имаше екипата под негово водство.

Астон вила сезоната ја заврши на шеснаесеттото место на табелата. Само со четири победи на домашен терен имаше една од најлошите сезони во клупската историја, што се однесува на натпревари кои се играат пред своја публика.
Ренди Лернер, сопственикот на клубот, промени три тренери во рок од три сезони, и тоа: Мартин О’Нил, Жерар Улие и сега педесет и тригодишниот Меклиш.
Како потенцијални наследници на Шкотот, кој заминува само по една сезона, се споменуваат Роберто Мартинес, менаџерот на Виган, кој минатото лето ја одби понудата, како и Брендан Роџерс, менаџерот на Свонси.

Најнови вести