Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2012

Алекс Меклиш нов менаџер на Нотингем форест

Англискиот второлигаш Нотингем форест го именуваше шкотскиот стручњак Алекс Меклиш за свој нов менаџер.

Пред неколку денови клубот го отпушти Шон О’Дрискол и набрзо го ангажираше педесет и тригодишниот Меклиш кој ќе дебитира на клупата на утрешниот натпревар против Кристал Палас.
„Се радувам на работата во Нотингем форест. Земав одмор од фудбалот и сега се чувствувам освежен и подготвен да продолжам“, изјави Меклиш, поранешниот тренер на Бирмингем, Астон вила и Глазгов ренџерс, кој беше и селектор на шкотската репрезентација, а немаше тренерски ангажман од мај годинава.
Во моментов Нотингем форест е на осмото место во втората англиска лига со 36 бодови по 24 натпревари.

Најнови вести