Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2012

Ламберт веќе не е на клупата на Норвич

Пол Ламберт го одведе Норвич до две последователни промоции во повисок ранг во англискиот фудбал, а потоа ја напушти клупата.

Англиските медиуми наведуваат дека четириесет и двегодишниот шкотски менаџер ја напуштил клупата на „канаринците“ по дваесет и четири часа откако управата на клубот одби да му даде дозвола да почне преговори со Астон вила.
Норвич по завршувањето на сезоната 2010/11 успеа да избори пласман во елитата, а минатата сезона успеа да го задржи, завршувајќи на дванаесеттото место на табелата, и сето тоа под водство на Ламберт.
Но сега повикот од Астон вила беше пресилен и се очекува Ламберт наскоро да ја преземе неговата празна клупа по заминувањето на Алекс Меклиш.
Што се однесува до Норвич, како кандидати за можен иден менаџер се споменуваат: Гус Појет, Јан Холовеј, Стив Брус и Алан Карбишли.

Најнови вести