Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2016

Потроши 50 милиони и ништо: Ди Матео доби отказ

Како што е наведено, Астон вила го отпушти менаџерот Роберто ди Матео само по една победа во 12 натпревари во сите натпреварувања.

Вила во саботата изгуби од Престон со 2-0, и тоа беше капката која дефинитивно ја прели чашата. Тимот од Бирмингам е 19-ти на табелата на Шампионат лигата, а единствената победа ја оствари на 13-ти август, во дуелот со Ротерам.
Тони Јиантонг Сја, сопственикот на клубот, во јуни на италијанскиот стручњак му даде двегодишен договор, Ди Матео потроши 50 милиони фунти на засилувања за да може клубот експресно да се врати во Премиер лигата, но таа цел сега делува недостижно.
Како потенцијални наследници се споменуваат Стив Брус и Давид Вагнер, а во игра се уште Стив Мекларен и Ли Џонсон, менаџерот на Бристол сити.
Екипата привремено ќе ја води Стив Кларк, помошникот на Ди Матео.

 

Најнови вести