Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2015

Протест на навивачите од Премиер лига

Навивачите на сите 20 премиерлигашки фудбалски клубови ќе протестираат овој викенд поради високите цени на влезниците, пренесе Би-Би-Си.

Просечната цена на влезниците за натпреварите од Премиер лигата изнесува 4.500 денари, со што се најскапи влезници во светот.
Навивачите планираат да истакнат транспаренти на претстојните натпревари, вклучувајќи ги и дерби-натпреварите помеѓу Евертон и Ливерпул, односно Арсенал и Манчестер јунајтед.
Сепак, има најави дека некои клубови ќе спречат да се истакнуваат банери.
На пример, Астон Вила, која во сабота го пречекува Стоук, досега дозволувала само транспаренти со кои се подржувал клубот.
Извршниот претседател на Федерацијата на фудбалски навивачи, Кевин Мајлс, нагласил дека цената на влезниците е „главна пречка која спречува многу навивачи да ги следат натпреварите во живо и дека ниту еден клуб не би смеел да го скрати правото на навивачите за слободно изразување“.

Најнови вести