Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2018

Афелај отстранет од првиот тим на Стоук

Некогашниот холандски репрезентативец Ибрахим Афелај е отстранет од првиот тим на Стоук, пренесуваат англиските медиуми.

Како што се наведува, Пол Ламберт, менаџерот на Стоук, одлучил да го отстрани од тимот некогашниот фудбалер на ПСВ и на Барселона бидејќи проценил дека прави проблеми во соблекувалната и лошо влијае на остатокот од екипата пред одлучувачките натпревари во борбата за опстанок во Премиер лигата.
Афелај во Стоук дојде од Барселона летото 2015 година, а последниот натпревар за клубот, со кого има договор до крајот на наредната сезона, го одигра уште на крајот на декември, против Челзи.
Најуспешниот дел од кариерата Афелај го помина во матичниот ПСВ, со кого има четири шампионски титули на Холандија, а со Барселона, меѓу останатото, во 2011 година ја освои Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Холандија настапи 53 пати и постигна седум погодоци, а беше дел од тимот кој во 2010 година играше во финалето на Светското првенство.

Најнови вести