Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2012

Ламберт нов менаџер на Астон вила

Шкотскиот 42-годишен стручњак Пол Ламберт, досегашниот менаџер на Норвич, е именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Астон вила.

Во четвртокот Ламберт, кога дозна дека Астон вила дала официјална понуда за него, даде оставка во Норвич, којашто челниците на клубот ја одбија. Но подоцна, очигледно, беше постигнат договор меѓу двата клуба, бидејќи Астон вила издаде кратко соопштение во кое се наведува дека Ламберт е нејзин нов менаџер. Не се наведува на колкав период е склучена соработката.
Шкотот водењето на Норвич го презеде во 2009 година и во две сезони го доведе од третата во првата лига.
Ламберт беше успешен и минатата сезона, бидејќи Норвич го освои 11-тото место и во ниту еден дел од сезоната не му се закануваше испаѓање, за разлика од Астон вила, која едвај го спаси прволигашкиот статус освојувајќи го 16-тото место под водство на Алекс Меклиш, поранешниот менаџер на Бирмингам, кого навивачите никогаш не го прифатија. Клубот кон средината на мај му се заблагодари на соработката, а сега пронајде и негов наследник.

Најнови вести