Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2016

Раниери доведе засилување од Бирмингам

Демараи Греј, досегашниот фудбалер на второпласираниот тим во англиската втора лига Бирмингам потпиша договор на четири и пол години со Лестер.

Британските медиуми пренесуваат дека второпласираниот тим во Премиер лигата, Лестер, за 19 годишниот крилен играч плати обесштетување од 5,4 милиони долари. Фудбалскиот сојуз го регистрираше Греј и тој ќе може да дебитира за Лестер во неделниот натпревар против Тотенхем во ФА купот.
„Ги гледав сите натпревари, а начинот на игра на Лестер му одговара на мојот стил“, изјави Греј, кој за место во тимот ќе се бори со Ријад Марез и Марк Олбрајтон кој оваа сезона се меѓу најдобрите фудбалери на Лестер.
Греј ја помина младата селекција на Бирмингам и за првиот тим одигра 78 натпревари, а постигна осум голови.

Најнови вести