Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2012

Фабрис Муамба објави крај на кариерата

Фабрис Муамба, 24-годишниот фудбалер на Болтон, по советувањето со лекарите објави крај на кариерата, потврди неговиот клуб.

Муамба во март оваа година колабира на натпреварот од ФА купот против Тотенхем. Беше пренесен во болницата „Лондон Чест“, а лекарите по 78 минути успеаја повторно да го активираат неговото срце. И покрај тоа, брзо закрепна, но спортската кариера сепак не може да ја продолжи.
„Откако претрпев срцев удар и по пуштањето од болница, верував дека еден ден ќе можам да ја продолжам кариерата и повторно да играм за Болтон. Во склоп на своето закрепнување, минатата седмица во Белгија побарав дополнително мислење од познат кардиолог. Но веста што ја примив не беше таква каква што се надевав, што значи дека морам да објавам крај на професионалната фудбалска кариера“, порача Муамба.
Фудбалерот со потекло од Конго пред Болтон играше за Арсенал и Бирмингам, а за младата англиска репрезентација имаше 33 настапи.

Најнови вести