Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2013

Хаселбенк тренер на Атверпен

Џими Флојд Хаселбенк, некогашниот холандски репрезентативец, е именуван за тренер на белгискиот второлигаш Антверпен.

На Хаселбенк ова му е прв самостоен тренерски ангажман, а претходно беше член на стручниот штаб на некогашниот двократен шампион на Европа, англискиот Нотингам форест.
„Среќен сум што Антверпен ми даде шанса. Ова е град со голема историја и одлични навивачи. Наша прва цел ќе биде враќање во елитниот ранг на натпреварување. Се надевам дека до тоа ќе дојдеме со атрактивна и напаѓачка игра“, изјави Хаселбенк.
Тој на клупата на Антверпен ќе го замени Денис ван Вејк.
Антверпен е еден од трофејните белгиски клубови, бидејќи четири пати беше државен шампион, двапати го освои националниот куп, а во 1993 година беше поразен од Парма од Италија во финалето на тогашниот Куп на победниците на куповите.

Најнови вести