Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2016

Венгер со нови 11 против Нотингем форест

Натпреварот од Лига купот меѓу Арсенал и Нотингам форест се игра вечерва од 20.45 часот.

Вечерва Арсенал ќе го гледаме во некое ново издание, издание кое не сме го гледале оваа сезона бидејќи Венгер подготвил неверојатни 11 измени во однос на претходниот натпревар против Хал во Премиер лигата.
Англиските медиуми објавија дека Венгер нема некои претерани амбиции во ова натпреварување и дека тоа е најголемата причина зошто ќе ги испроба и останатите играчи за да ги провери во каква форма се.
Вечерва на мегдан со Арсенал ќе игра и некогашниот фудбалер на овој тим Никлас Бентнер.
Ова е очекуваниот состав на Арсенал за вечерва: Оспина, Дебиши, Холдинг, Габриел, Гибс, Елнени, Џака, Лукас, Чемберлен, Аделед, Жиру.

Најнови вести