Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2016

Лига куп: Лестер го чека Челзи, Нотингам форест против Арсенал!

Синоќа беа извлечени паровите за третата рунда на Лига купот, а најинтересно ќе биде на стадионот „Кинг пауер“ бидејќи актуелниот шампион на Англија го дочекува Челзи.

Веднаш по завршувањето на последниот натпревар од второто коло на Лига купот, се пристапи кон ждрепка на паровите за наредната рунда од натпреварувањето.
Само во четири случаи ждрепката вкрсти премиерлигаши, а, секако, најинтересен пар е Лестер – Челзи, што воедно ќе биде и дерби на оваа рунда од натпреварувањето.
Фулам го дочекува Бристол сити, додека Нотингам форест ќе гостува кај Арсенал.
Натпреварите од шеснаесетфиналето на програмата се во седмицата која почнува на 19-ти септември, со тоа што може да дојде до поедини одложувања ако премиерлигашите имаат обврски во Европа.

Еве ги сите парови од шеснаесетфиналето на Лига купот:
Нотингам форест – Арсенал
Лидс – Блекбурн
Квинс парк ренџеср – Сандерленд
Вест хем – Акрингтон
Саутхемтон – Кристал палас
Свонси – Манчестер сити
Фулам – Бристол
Бурнемаут – Престон
Тотенхем – Гилингам
Евертон – Норвич
Дерби – Ливерпул
Нортхемтон – Манчестер јунајтед
Брајтон – Ридинг
Њукасл – Вулверхемптон
Стоук – Хал
Лестер – Челзи

Најнови вести