Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2015

Клубовите од Серија А ѝ помагаат на Парма

Клубовите од италијанската фудбалска Серија А се договорија да ѝ обезбедат на Парма пет милиони евра за да може клубот да ја заврши тековната сезона.

Како што пренесоа италијанските медиуми, уште не се знае дали фудбалерите на Парма, која се соочува со банкрот, ќе го прифатат договорот.  
Со играчите на Парма ќе се состане и претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Карло Тавекио, да ги убеди да го прифатат предлогот.
„Ќе се состанеме со претседателот на Парма, како и со фудбалерите. Сметам дека предлозите се разумни“, изјави Тавекио.
Единствен клуб од Серија А кој гласал против предлогот за помош е Чезена.
Парма досега одигра 23 натпревари во првенството и убедливо е последна со само 10 освоени бодови. Утре во 15 часот треба да игра против Аталанта на домашен терен.

Најнови вести