Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Парма доби помилување

Повратникот во Серија А, сепак во новата сезона ќе започне без казнени бодови

Екипата на Парма доби помилување пред почетокот на новата сезона во Серија А. Повратникот во италијанскиот елитен фудбал нема да почне со минус од пет бода како што првично беше одлучено. 
Челниците на клубот вложија жалба до фудбалската федерација на Италија, која беше прифатена. Поништена е првичната одлука, но Парма ќе мора да плати 20.000 евра. Клубот кој банкротираше и мораше да почне од почеток, беше осомничен дека го наместил последниот меч од Серија Б во минатата сезона, кога Парма обезбеди директно место во Серија А. 
Поради сомнеж дека бил главен во таа местенка, напаѓачот на Парма, Емануеле Калаио доби суспензија на две години. 

 

Најнови вести