Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2016

Барселона продолжува да соборува рекорди

Тимот на Барселона вчера извојува победа со 1-5 над Рајо Валејкано и со тоа стигна до 35-тата победа по ред без пораз.

Барселона успеа да го собори досегашниот рекорд кој го имаше поставено Лео Бенхакер со Реал Мадрид во сезоната 1987/88, па сега Барселона го презема првото место на шпанската листа на рекорди.
Но кога ќе се земат во предвид резултатите од големата европска „петка“, остануваат уште три тима меѓу кои најблизу е Милан со серија од 36 средби, а пред нив се Нотингем форест со 40 и Јувентус со 43 натпревари на кои не биле поразот.
Тимот на Рајо Валејкано по седум средби без пораз загуби од Барселона. Домаќинот  остана со двајца играчи помалку, а стрелци за Барселона беа Ракитиќ и Туран, додека пак Меси постигна хет-трик, а Луис Суарес не успеа да реализира пенал.
Со овие три бодови Барселона остана на сигурни плус осум бодови во сооднос со второпласираниот Атлетико Мадрид.

Најнови вести