Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2013

Крај на сезоната за Рондо

Бостон селтикс доживеа голем удар, плејмејкерот Реџон Рондо, најдобриот играч на тимот оваа сезона, ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

Рондо се повреди на мечот против Атланта хокс (123:111 по две продолженија), каде што оствари трипл-дабл, а пред вчерашното големо дерби со Мајами хит, во кое Бостон победи со 100:98 по продолжение.
Рондо оваа сезона има просек од 13,7 поени, 11, 1 асистенција и 5,6 скокови по натпревар. Требаше да биде стартер на Ол стар во Хјустон на средината на февруари.
Датумот на операцијата допрва ќе биде одреден, а со оглед на специфичноста на повредата, сезоната веројатно е завршена за одличниот плејмејкер на Селтикс.
Стартер на Бостон селтикс на местото плејмејкер наместо него ќе биде Кортни Ли.

Најнови вести