Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
04.7.2018

Семејна драма на Оби Микел – киднапиран татко му пред мечот со Аргентина

Таткото на репрезентативецот на Нигерија, Џон Оби Микел, бил киднапиран во неговата родна земја токму пред натпреварот од групната фаза со Аргентина.

Киднапирањето се случило на четири часа пред третиот меч од групата Д кој Аргентина го доби со 2-1 и се пласираше во осминафиналето.
Татко му на Микел и неговиот шофер биле киднапирани со закани со огнено оружје во Енугу.
„Веќе втор пат сум преплашен дека ќе останам без татко ми и тоа е многу страшно. Денеска тоа беше татко ми, а утре може да биде кој било и тоа ме плаши“, изјави фудбалерот.
Тој не кажал на никој од соиграчите или стручниот штаб да не ја наруши атмосферата пред важниот натпревар.
Киднаперите барале околу 20.000 евра, а полицијата ги нашла по што настанал вооружен судир и таткото на фудбалерот бил ослободен.
Ова е втор пат татко му да биде киднапиран, претходно во 2011 кога фудбалерот го носеше дресот на Челзи.

Најнови вести