Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
21.2.2013

Бенитес ги одмара Ивановиќ и Лампард

Рафа Бенитес, менаџерот на англискиот прволигаш Челзи, одлучи да ги одмори првотимците Френк Лампард и Бранислав Ивановиќ во натпреварот од Лигата на Европа против Спарта од Прага.

Лампард нема да има шанса да го брка јубилејниот 200-ти гол за Челзи, а уште четири му се потребни да го собори клупскиот рекорд кој со 202 гола го држи Боби Тамблинг. Наместо тоа, шпанскиот стручњак реши да му даде шанса на Џон Оби Микел.
„Френк нема да биде во тимот денес бидејќи мораме да ги распоредиме минутите и да размислуваме за наредните натпревари. И Бранислав Ивановиќ нема да биде во тимот“, изјави Бенитес.
Натпреварот од шеснаесетфиналето се игра денес, а Челзи првиот натпревар одигран во Прага го доби со резултат 1-0.

Најнови вести