Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2013

Нигериските репрезентативци во штрајк пред Купот на Конфедерациите

Како шампиони на Африка фудбалските репрезентативци на Нигерија би требало да настапат во Бразил на Купот на Конфедерациите, но тие сè уште се дома, во Африка.

Нигеријците веќе требаше да отпатуваат кон Бразил, но останаа во својата земја поради отворен судир со главните луѓе на тамошната фудбалска федерација.
Пред неколку денови Нигерија на гости кај Намибија одигра нерешено, 1-1, и со тоа дојде на чекор до третиот, последен квалификациски круг за пласман на Светското првенство 2014 во Бразил. Актуелниот африкански шампион има два бода повеќе од второпласираниот Малави со кого играат во последното коло на свој терен, па и бод ќе им биде доволен за првото место во групата, единствено кое води во третиот квалификациски циклус.
Нигеријците се побуниле против федерацијата, поради прениските парични награди кои не биле во согласност со договореното, па најавиле бојкот сè додека федерацијата не го исполни договорот за премиите.
Нигерија треба да го одигра првиот натпревар на Купот на Конфедерациите во понеделник против Тахити.

Најнови вести