Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2015

Мексико по продолженијата до Купот на конфедерациите

Фудбалерите на Мексико се пласираа на Купот на конфедерациите 2017 година во Русија откако по продолженијата го победија САД со 3-2 и го освоија Купот на конфедерациите на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ).

Пред 93.723 гледачи на стадионот „Роуз Бол“ во Пасадена, во Калифорнија, Мексико поведе во десеттата минута со голот на Хавиер Ернандес, а пет минути подоцна изедначи Џеф Камерон. Регуларниот дел од натпреварот заврши со тој резултат, па натпреварот е решен по продолженијата.
Новото водство на Мексико му го донесе Орибе Пералта во 98-мата минута, а изедначи Боби Вуд во 108-мата минута. Победата на јужноамериканската селекција ѝ ја донесе Пол Агилар во 118-тата минута.
Мексико го победи САД за прв пат од финалето на Голд купот во 2011 година, кога резултатот беше 4-2. По тој пораз, селекцијата на САД ја напушти Боб Бредли, а го замени легендарниот германски фудбалер Јирген Клинсман.
Репрезентацијата на Мексико ја предводи привремениот тренер Рикардо Ферети на местото на Мигел Ерера, кој беше отпуштен во јули поради судирот со новинарот, по освојувањето на Голд купот.
Неуспех доживеа и селекцијата на САД до 23 години, која изгуби од Хондурас со 0-2 и ги загрози шансите да се пласира на Олимписките игри 2016 година во Рио де Жанеиро.
Хондурас се пласира на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Најнови вести