Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
03.5.2013

Спартак шест седмици без Еменике

Повредата на коленото ќе го оддалечи од теренот Емануел Еменике, 25-годишниот напаѓач на Спартак од Москва и на нигериската репрезентација, до шест седмици.

„На Еменике вчера успешно му беше извршена операција на менискусот на коленото и ќе паузира меѓу четири и шест седмици“, стои во соопштението на Спартак.
Тоа значи дека најдобриот стрелец на последното издание на Африканскиот куп на нациите (четири голови), кој го освои Нигерија, ќе ги пропушти квалификациските натпревари за Светското првенство во Бразил против Кенија и Намбија.
Исто така, ќе го пропушти и крајот на руското првенство, поточно последните четири кола. Оваа сезона во руската Премиер лига постигна пет голови и една асистенција во 16 одиграни натпревари.

Најнови вести