Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2017

Пресврт на Мексико, тепачка во финишот

Репрезентацијата на Мексико го победи Нов Зеланд со 2-1 во второто коло од Групата А на Купот на конфедерациите.

Нов Зеланд водеше по првото полувреме во Сочи со голот на Крис Вуд во 42-ата минута, но Мексико направи пресврт во вториот дел.
Победата на Мексико ја донесоа Раул Хименес во 54-тата и Орибе Пералта во 72-ата минута.
Во финишот на натпреварот нервозните Новозеланѓани почнаа мешаница со мексикансите репрезентативци, но по консултација на судијата со видео снимката, сè заврши без картони и исклучувања.
Во првиот натпревар од истата група, Португалија со голот на Роналдо деветтата минута ја победи Русија.
Мексико има четири бодови, исто колку и Португалија, а зад нив се Русија со три и Нов Зеланд без бодови.
Домаќинот Русија во следното коло ќе игра против Мексико, а Португалија ќе се сретне со Нов Зеланд.

Најнови вести